Мисија
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Greek

Нашата мисија е да едуцираме стручни и научни кадри од областа на ветеринарната медицина, да понудиме професионално ориентирани програми и да го одржиме високиот квалитет на содржината на наставните прогарами.

Потоа студентите да стекнат знаења со кои ќе можат поуспешно да одговорат на предизвиците и барањата на современото сточарство во Европа и пошироко во светот од областа на ветеринарната медицина. Докторите по ветеринарна медицина денес во вкупното современото сточарство имаат се поголемо значење од аспект на:

  • Следење на здравјето на животните;
  • Добивање на здрава и квалитетна храна;
  • Примена на превентивни мерки во производството на здрава храна, која ќе ги следи потребите на нашето стопанство;
  • Постојана присутност на докторите по ветеринарна медицина на фармите